
Компаниите да ја користат арбитражата во споровите
Компаниите да ја користат арбитражата како начин на решавање на стопанските спорови, бидејќи станува забор за најсигурен, побрз и поедноставен начин. Од Арбитражниот суд сугерираат и Владата да ја вметне клаузулата арбитража во сите договори каде што таа е инвеститор. Од власта објаснуваат дека тие веќе ја користат арбитражата во спорови со многу компании, а размислуваат да ја стават како клаузула и за решавање на споровите во договорите од јавно-приватно партнерство.
Меѓународната арбитражна конференција „Преку унапредување на арбитражното законодавство до подобро деловно опкружување“ се одржува денеска и утре во Стопанската комора, со поддршка на Централно европската иницијатива и Амбасадата на Швајцарија.