Комисиски расправи за нацрт-амандманите

Во Собранието утре ќе почнат и комисиските расправи за нацрт-амнадманите за измени на Уставот, и за предлогот за одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски, кој според судско решение, најдоцна задутре, треба да се јави за издржување двегодишна затворска казна по пресудата за „Тенк“.

Нацрт-амандманите за уставни измени, кои Владата во петокот ги утврди и му ги достави на Собранието, утре се на дневен ред на Комисијата за уставни прашања. По однос на ова, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, како што соопшти нивниот координатор Мицевски, „ќе дебатираат жестоко за да ги разобличат сите уставни амандмани и она што се случува во Македонија“.

За предлогот за одземање на мандатот на Груевски, пак, утре ќе заседава Комисијата за деловнички и мандатно-имунитени прашања. Неговите сопартијци сметаат дека процесот е политички и својот став ќе го искажат во Собранието.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ