Комисијата за надзор над ОТА сепак ќе ангажира експерти

Комисијата за надзор следењето комуникации ќе ангажира двајца ИТ експерти кои треба да помогнат во работата но и надзорот на работењето на агенција ОТА. Ова денеска  го најави претседателот на коммисијата Емил Димитријев по средбата со претседателите на комисиите за надзор и контрола наслужбите за безбедност. Тој кажа дека огласот за нивен ангажман ќе биде распишан за десетина дена и дека тоа е предвидено во законот за следење на комуникациите а потоа ќе следи уште еден оглас за ангажирање на поширока листа на експерти кои Комисијата би ги користела ад хок.

Со ова продолжува судиот меѓу Димитријев и спикерот кој Џафери денеска го повтори ставот дека за ангажманот на експерти не се предвидени средства и дека евентуалната пренамена од други ставки би било злоупотреба на функцијата.

И Димитријев и Џафери се повикуваат на истиот член, 39 од законот за следење на комуникации, каде прецизно е наведено дека мора да се агнажираат експерти како техничка поддршка но не стои ништо околу тоа дали тие ќе бидат платени за своите услуги и колку треба да изнесува надоместокот.

Комисијата од членот 38 од овој закон заради ефективно вршење на надзорот ангажира национални или меѓународни технички експерти, со познавање на соодветно стручно знаење, кои врз основа на нивна акредитација, можат активно да учествуваат во надзорот, како дел од Комисијата.

Во извештајот за работењето на ОТА кој денеска беше доставен до Собранието стои дека во агнецијата следела комуникации во 153 случаи од кои осум биле за потребите на СЈО а пет за потребите на Одделот за организиран криминал во МВР.

ОТА почна со работи на први ноември минатата година.

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ