
Комисијата за мандатно-имунитетни прашања ќе расправа за имунитетот на Вељаноски
Комисијата за мандатно-имунитетни прашања денеска ќе го разгледува барањето од Кривичниот суд да му се одземе пратеничкиот имунитет на пратеникот и поранешен претседател на собранието, Трајко Вељаноски.
Барањето вчера беше вратено во Кривичниот суд, поради повикување на погрешен член од законот. Судот ја поправи грешката и потвротно го испрати до законодавниот дом. Според Деловникот, Комисијата е должна да го разгледа Барањето и во рок од два дена да достави извештај до претседателот на Парламентот. Собранието во рок од три дена треба да одлучува на пленарна седница. Мандатот на Вељаноски може да му се одземе со 61 глас.
Поради приведувањето на Вељановски, Јанакиески и Ристовски, ВМРО-ДПМНЕ го замрзнаа своето учество во процесот Жан Моне и најавија дека нема да ги поддржуваат реформските закони, се додека Државниот јавен обвинител не се бира на предлог на опозицијата. Од СДСМ побараа ВМРО-ДПМНЕ да ги стави државните интереси над партиските и да ги гласаат системските закони кои се важни за членството во ЕУ. Велат дека и тие се за избор на Државен Јавен обвинител на предлог на опозицијата, но не сега.