
Комисијата за дискриминација на дискриминирачка локација
Поставената рампа пред институците за луѓето со попреченост, не значи дека тие имаат пристап до нив. Честопати овие луѓе се соочуваат со низа други проблеми кога ќе влезат во одредена инстуција.
Инклузија, пристапност, еднаквост , антидискриманција, ветуваат политичарите и нивните кампањи. Меѓутоа, од невладиниот сектор , велат дека се уште никој не сноси одговорност за оваа група на граѓани.
Уште еден проблем кој не е решен последниве пет години е и фактот дека ниту здравствените установи не се прилагодени за нив. Некои видови на попреченост бараат почести прегледи и неможноста како да се стигне до амбулантите и болниците за нив значи дискриминација.
Законот за заштита и спречување дикриминација и Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп , го сметаат за дискриминација немањето пристапапна околина за овие луѓе. За да пријават деке се дискриминирани треба да одат до Комисијата за заштита од дискриминација. Таму нема пристап токму за оние кои се чувствуваат дискриминирани.
Од сегашната Комисија за заштита од дискриминација, велат дека очекуваат решавање на овој пробем , од новата комисија , која допрва ќе се бира.
По многу лобирање и протеси пред 3 месеци беше усвоен Законот за спречување и заштита од дискриминација . Законот претходно беше „заглавен“ во Собрание осум месеци, по што Владата го повлече и го препрати со европско знаменце по скратена постапка. Со него, предвидени се мерки и за ова група на граѓани.
Теодора Цветковска