Комисијата предлага разрешување на Јанева

Комисијата за избори и именувања на денешната седница го разгледуваше извештајот на советот на обвинители, околу разрешувањето на специјалната обвинителка Катица Јанева. Едногласно и без дискусија со 13 гласа е утврден предлогот Јанева да биде разрешена поради нестручно, несовесно и незаконско работење.

Предлогот на Комисијата сега оди на пленарна седница, кој за да биде усвоен е потребно двотретинско мнозинство.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ