Комисијата поддржа уставни измени

Десет пратеници во Комисијата за уставни прашања го поддржаа Предлогот за менување на Уставот и ја задолжија Владата во рок од 15 дена да го подготви текстот на нацрт-амандманите. Седуммината опозициски пратеници сметаат дека немаат мандат за менување на името на државата и гласаа против, додека власта апелираше да размислат бидејќи подобар договор не може да се постигне, а тој е главниот услов за ЕУ и за НАТО.

Во опозициската коалиција има и поинакви мислења. Панчо Минов предложи и ние да и поставиме некакви услови на Грција. За неговите два предлога за одложена примена на името Република Северна Македонија, премиерот Заев е подготвен да разговара и со Мицкоски и со Ципрас

В понеделник на пленарна седница Собранието треба да донесе и сопствена одлука за менување на уставот. За ваква одлука е неопходно двотретинско мнозинство.

Соња Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ