Комисијата даде поддршка за „Република Северна Македонија“

Втор ден расправа за првиот нацрт-амандман од уставните измени. Комисијата за уставни прашања го поддржа првиот нацрт амандман на Уставот, за кој 10 члена гласаа „за“, пет беа против.

Овој амандман, се однесува за замена на зборот „Република Македонија“ со зборовите „Република Северна Македонија“, освен во во членот 36 каде што името има историски контекст.

На вториот ден од дебатата опозицијата повторно обвини дека целиот процес за промена на името и Уставот  се одвивал нетранспарентно и без консензус и оти не е испочитувана волјата на народот искажана на референдумот. Предложија со нацрт-амандман да се обезбеди заштита на сето она што значи менување на уставно име.

На ова реплицираше заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски кој ги отфрли обвинувањата дека процесот бил нетранспарентен и оти не била консултирана опозицијата. Посочи дека биле одрзани шест тет-а-тет средби за да се објасни целиот процес.

– Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во целиот процес кажуваше дека овој договор и потпишувањето е одговорност на Владата. Кога имате процес каде перманентно се консултираат  опозицијата и претседателот на државата, а тие не се изјаснуваат и ги напуштаат средбите тогаш може да се заклучи дека тоа е бегање од одговорност, забележа Жерновски.

Комисијата за уставни прашања ја продолжува расправата по вториот нацрт-амандман со кој во Преамбулата на Уставот одлуките на АСНОМ се заменуваст со прогласот од АСНОМ и се додава Охридскиот рамковен диговор.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ