
Комисијата без став за имунитетот на пратеникот Трајко Вељановски
Комисијата за мандатно имунитетни прашања не донесе одлука за одземање на имунитетот на Трајко Вељановски.
Четворица гласаа „за“ и четворица беа „против“. На гласањето не присуствуваше пратеник на ДУИ поради здравствени причини – тоа за медиумите го кажа претседателот на Комисијата, Павле Богоевски.
Извештајот вечерва ќе му биде доставен на Претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Судот бараше земање на имунитетот откако Обвинителството за организиран криминал побара притвор и го сомничи како еден од петте организатори на 27 април. Расправата во Комисијата се одвиваше два дена.