Комисиите ќе ги преразгледуваат одбиените апликации од програмата за култура

Утре во 10 часот во просториите на Министерството за култура, ќе започнат со работа сите стручни комисии по одделни дејности кои ќе имаат задача повторно да ги разгледаат сите апликации кои беа одбиени на Годишните конкурси на Министерството за култура за 2019 година, соопштуваат од министерството.

Како што велат од таму одлуките за сите одбиени апликации ќе бидат поништени, и по нивното повторно разгледување, доколку се утврдат недоследности, листата на поддржани проекти од национален интерес ќе биде дополнета.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ