Колку невакцинирани деца останаа надвор од училишните клупи?

Властите се уште не знаат што ќе биде со децата коишто треба да одат во училиште, а во вакциналните картони немаат потврда дека примиле МРП вакцина. Ќе почекаат уште неколку недели за да дознаат колку деца не се запишани во училиште заради таа причина. Но, Филипче и соработниците нема да отстапат од ставот дека имунизацијата е услов за тие да седнат во училишни клупи.

Ништо ново нема ниту од Образование. Ставот на министерот Адеми е усогласен со ставот на колегата од Здравство уште на владина седница пред неколку месеци. Во неговото министерство чекаат до крајот на месецов просветните инспектори од терен да им донесат бројки колку деца не се запишани во училиште, а треба да бидат. И Здравствените инспектори се занимаваат со овој проблем.

Според тоа што е пропишано во правилникот на ДСЗИ следува 300 евра мандатна казна за родителите коишто не ги вакцинираат децата. Но, ниту казната не ги амнестира од невакцинирање, велат од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Здравствените власти се задоволни со опсегот на вакцинација досега и тврдат дека е зголемен колективниот имунитет. Сепак, неделава пет нови деца се заразиле со морбили. Четири од Скопје, едно од Куманово. Сите невакцинирани.

Петар Догов

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ