Кој министер колку пари потрошил за капитални инвестиции?

Ниската реализација на капиталните инвестиции продолжува иако Владата е оптимист дека до крајот на годината реализацијата ќе биде далеку поголема.  

За десет месеци, реализирани се 40,8 % од планираните капитални инвестиции. Или од планирани 368,7 милиони евра потрошени се 150,6 милиони евра.  

Од министерствата кои на располагање имале повеќе милиони евра за капитални инвестиции – најслаба реализација за десет месеци има кај земјоделство, одбрана и труд и социјална политика.

Министерот Димковски од 11,4 милиони евра потрошил 1,9 милиони евра. (16,7%)

Министерката Шеќеринска од планираните 26,5 милиони евра реализрала 5,5 милиони евра. ( 21%)

Во ресорот труд и социјална политика – министерката Царовска на  располагање има 3,2 милиони евра за капитални инвестиции а за десет месеци потрошила 877 илјади евра. (26,8%) 

Министерот за животна средина на располагање има 7,4 милиони евра а потрошил 2,6 милиони евра (34,7%)

Министерот Адеми во ресорот образование од 27,1 милиони евра за десет месеци за капитални инвестиции потроши 10,4 милиони евра. ( 38,4%)

Во ресорот здравство министерот Филипче од 10,7 милиони евра потрошил 4,4 милиони евра.( 41%)

Најголема реализација има кај министрите Сугаревски кој од планираните 64,3 милиони евра потрошил 39,8милиони евра (61,9%), Спасовски на располагање има 18,3 милиони евра а потрошил 10 милиони евра (54,5%)  Во ресорот финансии со кој сега раководи Ангеловска од планираните 16,8 милиони евра потрошено се 13,1 милиони евра (78,1%).

Планираните суми кај останатите министерства се движат од неколку стотици илјади евра до 1,5 милиони евра а реализцијата е различна.

Наташа Стојановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ