
Кој лаже, а кому му доцни часовникот, поважно од суштината на амандманите
Кој лаже, а кому му доцни часовникот? Дали амандманите се испратени во хартиена форма или на мејл? Дали мејлот на министерката е приватен или службен? Од синоќа партиите и министерството за правда се расправаат околу амандманите на Zаконот за јавно обвинителство поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, но никој не ја открива нивната суштина. Се знае само дека се поднесени 65, но не се знае што содржат, ниту, пак, дали има расположение во министерството да бидат прифатени. Детали се очекуваат по утрешната средба на работните групи,која ќе им биде трета по ред.
Синоќешниот дуел меѓу премиерот и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, како да не им беше доволен да се искажат на темата СЈО, чиј статус исто така се решава со овој закон, па и двајцата подоцна се огласија и на фејсбук.
Доколку не се постигне консензус со ВМРО-ДПМНЕ, од министерството најавија и средби со помалите опозициски партии БЕСА, Алијанса за Албанците и независната пратеничка група, со чија помош ќе се обидат да обезбедат двотретинско мнозинство.
Далиборка Демјанска Цветановска