
Кој како го чита договорот за решавање на проблемот со името?
Договорот за името и политичките тензии кои се очекуваат во целокупниот процес нема да го намалат рејтингот на македонската економија. Меѓународната рејтинг агенција Стандард и Пурс во својот најнов извештај пишува дека евентуалното постигнување на договор помеѓу Скопје и Атина, нема да ја влоши економската стабилност, нема да се загрози економската перспектива и раст ниту краткорочно ниту долгорочно.
– Решавањето на спорот за името, најверојатно, ќе го отвори патот за натамошен напредок во преговорите за членство во ЕУ, вклучувајќи го и формалното отворање на пристапни разговори. Сепак, имајќи го предвид искуството на неколку други земји во регионот, вклучувајќи ја Србија и Црна Гора, очекуваме напредокот да биде постепен,а најголем бенефит ќе се почувствува на долг рок, велат од Standard and Poors.
Доза оптимизам за придобивките од договорот имаат и домашните експерти. Но, дел од нив сепак се сомневаат во успешноста на целиот процес.Сметаат дека договорот е асиметричен со повеќе обврски за македонската страна и дека до крајот на оваа година нема да се завршат сите предвидени обврски. Но, сепак децидни се тие треба да преовлада разумот и да се гледа големаат слика бидејки Макеоднија не може да се врати назад и да живее со товарот што го влече со децении.
Со потпишување на договорот, тој треба да добие зелено светло во македонскиот парламент.И покрај отпорот на опзоцијата се смета дека владеачката коалиција ќе има доволен број на пратеници кои ќе гласаат ЗА договорот. Сепак, последниот збор ќе го имаат граѓаните на референдум кој треба да се одржи во септември или октомври.
Виолета З. Стојановска