Кој има право на логото – БЕСА на Гаши или БЕСА на Касами?

БЕСА на Касами ја оцени како скандалозна одлуката на Апелацискиот суд Скопје, судскиот процес за логото и името на партијата да се врати на повторно судење. Ако се случи преседан, судот да избрше партиски претседател затоа што неовластени лица поднеле такво барање, тогаш ќе бидеме сведоци дека судот се контролира од власта, рече Абдуш Демири. Најавија судски постапки против оние кои биле потпишани во името на БЕСА и го фалсификувале партискиот печат.

Крилото на Гаши е задоволно од одлуката на Апелацискиот суд. Се надеваат дека на повторното судење ќе успеат да докажат дека тие имаат право на името БЕСА.

Превирањата во БЕСА и судскиот процес околу регистрацијата на паријата траат веќе неколку месеци. Основниот суд Скопје 2 неодамна донесе одлука Беса да остане на Билал Касами, додека крилото на Африм Гаши требаше да формира нов политички субјект. Апелацискиот суд сега пресече целиот предмет да се врати на повторно судење.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ