
Кој е човекот од кој се плашеа и сдсмовците и вмровците
Додека Никола Груевски покрај Дунав го пишуваше еден од најдолгите статуси и тоа за добиениот унгарски азил, во исто време, 800 километри јужно, во Кривичниот суд се пишуваше одлуката за притвор на неговиот братучед Сашо Мијалков. Веста за недопирливиот кој од луксузниот хотел заврши во обична ќелија во шутка доца вечерта оддекна како што оддекнуваа и куршумите додека тој со години ги славеше победите на ВМРО-ДПМНЕ.
Ретко кој знае дека Мијалков не е полицаец туку економист иако со години ја водеше тајната полиција. Колку што таа беше тајна толку тој таинствен. Дојде на позицијата директор на убк во 2006 иако се очекуваше да го оди министерскиот пат, по стапките на неговиот татко Јордан Мијалков кој во историјата се впиша како прв министер за внатрешни. Митот на недопирливиот братучед се градеше со години, се појавуваше само на промоција на поголеми полициски проекти, ги надгледуваше големите полициски акции. Но, секогаш молчеше. И додека чаршијата со години шепотеше за неговото богатство кое се трупаше, дури после седум години за прв пат јавно се проговори за братучедот богаташ.
Му се плашеа и вмроовците и сдсмовците. Но, не и братот Љубе. Јавно му се потсмеваше во кампања, но тешко помина по неа.
Митот за мистериозниот Мијалков се разобличи со објавувањето на телефонските разговори. Дека бил премиер во сенка.
Митот за мистериозниот Мијалков се разобличи со објавувањето на телефонските разговори. Одеднаш безгласниот директор – во јавноста стана гласен преку телефонските разговори.
Телефонските разговори од кујната на УБК, нему му се удрија од глава. Ечеа разговорите кои покажаа дека сепак бил премиер во сенка. Открија од тоа дека кумувал на името на земјата, преку тоа дека заговарал амнестии, па се до тоа дека поставувал обвинители и судии.
Сепак тврдината на Мијалков не остана засекогаш утврдена. На 12 мај 2015 по настаните во Диво Насеље сам си поднесе оставка. Специјалните обвинители кои му ја фотографираа куќата беа апсени, на Катица Јанева никој не и отвораше кога сакаше да влезе во управата за контраразузнавање и да ја заплени опремата, но сепак обвиненија за него беа поднесени.
„Таргет Тврдина“, „Титаник 2“, „Трезор“ и „Тортура“ се процесите за кои е редовен во судот. Од српските власти куртили кога го апсеа со пиштол кај себе, но од СЈО и судот не куртули па пасошот му го одземаа. И додека неговиот прв братучед ја слушна затворската казна и избега од земјава за мијалков не се ни насетуваше затвор
ВМРО – ДПМНЕ го исклучи од партијата како предавник тој пак му напиша писма на новиот лидер Мицковски. Митот кој како недопирлив го градеше со години, еден потпис на решението за притвор го урна како кула од карти. Началникот заврши зад решетки.
Билјана Николовска