Кој да ги стави ќерамидите на домот на разловечкото востание?

Институциите си играат пин-понг која да ги стави ќерамидите на домот на Разловечкото востание во делчевското село Разловци.

Црната изолација поставена на објектот сведочи дека овде пред три години имало градежни работници, кои почнале со санација на домот, кој потсетува оти овде во Пијанец пред 143 години  е организирано првото македонско востание против османлиите.

Жителите чекаат некој да ја заврши почната санација и да се постави покривот, со цел да се заштити објектот, кој со години прокиснува и пропаѓа.

Реконструкцијата  ја почна Министерството за култура преку Националниот конзерваторски центар. Телма се обрати во  министерство, а  отаму со одговор дека спомен домот не е споменик на културата и заради тоа не можат да дадат средства за продолжување на санацијата.

Во таа насока имајќи предвид статусот  во областа на заштита на спомен домот на Разловечкото востание не може да се спроведе процедурата за административно одобрување на проектот за конзервација и санација на објектот, бидејчи Управата за заштита на споменици на културата, во дадените околности не може да издаде конзерваторско одобрение, заради тоа што, истиот не е споменик на културата, соопшти Министерство за култура.

Од ресорното министерство  наведуваат општината да почне постапка за прогласување на домот за споменик на културата, а за негова санација може  да бара и средства од меѓународните фондови.

Општина Делчево пак со став дека подолго време бараат министерството да ја продолжи реконструкцијата, бидејќи домот е и нивен имот.

Нашите заложби се овој значаен архитектонски објект посветен на споменот на револуционерниот предилинденски период да се сочува и да ја добие потребната санација. Иако Општина Делчево не е сопственик на објектот, ќе инсистира да се најде конечно решение, се разбира, во консултации со Министерството за култура и почитувајќи ги законските норми, соопшти општината Делчево.

Додека институциите бараат начин да продолжи реконструкцијата, овој спомен дом се уште е централно место за жителите на Разловци, а најмногу го користат учениците поради зачувана библиотека.

На 19 мај во Разловци ќе се одбележи 143 годишнината од разловечкото востание, кое траело десет дена.

Викторија Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ