
Кој бара СЈО да остане без бомбите – никој не признава
Кој бара СЈО да остане без бомбите – никој не признава. Од Министерството за правда денеска не откриваат повеќе информации кој бара снимките да отпаднат од игра откако министерката Десковска во петокот на брифинг со новинарите обелодени дека покрај двата предлога за статусот на СЈО има и трет кој доаѓа од политичари, а со кој се отвора прашањето за надлежноста на бомбите и дали може да бидат користени како доказ или индиција.
Од ВМРО ДПМНЕ од чии редови доаѓаат 10-тици поранешни и сегашни функционери и пратеници под истрага или обвинение велат дека не се запознаени со ваквиот предлог.
Од ДУИ велат дека ја поддржуваат во целост работата на СЈО и потенцираат дека треба да продолжи во рамки на јавното обвинителство и велат дека до сега не предложиле ништо поврзано со употребата на бомбите и дека не е разговарано за тоа. Потсетуваат дека законот треба да се донесе со консензус и со гласовите на најмалку 80 пратеници.
„Законот за СЈО првиот пат беше изгласан од сите политчки партии и би било добро заеднички да обезбедиме продолжување на работата во рамки на рамки на институциите на системот. Конкретно за бомбите не сме предлагале ништо до сега. Штом ќе се отвори законското решение треба да се применат најдобрите практитки кои се од слична проблематика“, вели пратеникот од ДУИ, Артан Груби.
Колегата на Груби, координаторот на пратеничката група на ДУИ Ејуп Алими е обвинет во Титаник 3. Лидерот пак на ДУИ Ахмети е осомничен во истрагата „Попис” и според информациите на Телма е при крај но Ахмети се уште не бил сослушан. Другиот осомничен во овој предмет е Груевски кој е во бегство. Од октомври минатата година и вицепремиерот Бујар Османи е осомничен во истрагата Пациент.
Додека се бара соодветно решени за СЈО кое ќе добие дво третинско мнозинство во застој е и реформата за обвинителството бидејки за носењето на законот за јавното обвинителство се чека конечна одлука дали СЈО ќе се решава во ист закон со републичкото обивнителство
Надвор од политчките пазарења се води и правна дебата во фелата дали прашањето дали СЈО треба да биде под капата на републичкото и како ќе ги делат надлежностите со обвинителството за организиран криминал.
Елена Ивановска Мукоска