
Кои се резултатите од советувањето на советниците на Заев
Советници на хартија со плата од над илјада евра, но во јавност без видливи резултати од нивното советување, се четворицата надворшени советници на премиерот Заев на кои неодамна им продолжен договорот за советување на уште една година.
Поранешниот естраден менаџер Зоран Башановиќ за 1.500 евра, ќе продолжи да го советува заев за економски прашања, а на истата тема, но за 300 евра помалку ќе го советува и ексдиректорот на државната компанија за производство и за дистрибуција на струја во Србија, Александар Обрадовиќ.
За 1.200 евра поранешниот прв човек на српската Агенција за приватизација, Љубомир Шубара ќе продолжи да му помага на премиерот околу финансиите, банкарството и инвестициите, а Владимир Цветковиќ за истата сума ќе го советува за ИТ прашања.
Од владата не добивме информација кои конкретни политики, мерки, проекти, инвестиции досега се реализирани од владата или премиерот како резултат на советите од четворицата советници и кога се тие реализирани.
За поранешниот антикорупционер, Драга Малиновски, не е спорна оправданоста на ангажирање советници и нивниот број што треба да зависи од проектираните целите кои треба да се постигнат.
„Меѓутоа треба да се гледа на целовитоста на проектот дали тој проект на крајот од денот продуцира позитивни политики или не. Значи онаму каде што е возможно пожелно е да се постават, да се објективизираат тие цели и тие да се направат мерливи“, вели Драган Малиновски, поранешен претседател на ДКСК.
Сумите пак кои им се исплаќаат, според него, се во рацете на Државниот завод за ревизија кој има обврска да ги оцени тие буџетски трошења од аспект на постигнатата економичност, ефиксност и ефективност.
Малиновски за билдањето на советничките листи, и на претходниот премиер кој имаше 90 советници, и на актулниот со речиси 60 – 39 надворешни и 20-на посебни и т.н. обични советници, смета дека секогаш треба да се има во предвид реакцијата на јавноста околу тоа.
„Можеби ако јавноста биде информрана за трошењето на тие средства и оправданоста на ангфгажирањето на тие средства и доколку ајвноста препознае дека со ангажирањето на тие советници се препознаат позитивни резултати ќе биде позитивни рекации. Но доколку јанвоста не препознаа позитивнир езулатии а вие имате огромен број советни, разбирливо реакциоите во јавноста дека ќе бидат негативни“,Драган Малиновски, поранешен претседател на ДКСК.
Прашањето на кредибилитетот и стручноста на советниците пак е приказна сама по себе. Во повеќе наврати Телма пишуваше за бекграундот и што работат советниците на премиерот, за што редовно одгворот од Илнденска беше дека тие се личен избор на премиерот и нему му одговараат за сработеното.
Од имињата на кои сега им е продолжен договорот како советници на Заев, Башановиќ во српската јавност е познат како контроверзен естраден менаџер на турбо-фолк сцената, кој бил и дел од партијата на Александар Вучиќ. Според опонентите на Вучиќ, тој му бил главен оперативец за раководење со медиумите блиски до партија, а посредувал и во тајна комуникација со политичари и бизнисмени.
Обрадовиќ пак од премиерот беше планиран да стане и прв човек на ЕЛЕМ, но по негативната реакција на јавноста, тоа стана само советник на Заев. Српските медиуми тогаш објавија дека врската за тоа му бил токму Башановиќ, со кого бил од претходно поврзан преку зделки во српското електростопанство, додека таму Обрадовиќ бил прв човек.
Тамара Грнчароска