Кои се намерите на Бугарија?

Македонија не смее да влезе во преговарачки процес со Европската унија пред да го надмине проблемот со употребата на македонскиот јазик кој минатата недела Бугарија го нагласи но и усвои како декларација во парламентот, предупредува политичкиот аналитичар Александар Јовановски.

Не само што се минира догворот за добрососедство туку се загрозува и идниот преговарачки процес, бидејќи придавката македонски  и македонски јазик се составен дел од секое поглавје

Изненадувачки е како Бугарија одеднаш става препреки за Македонија  кога таа тврдеше дека ќе помага во процесот, и затоа овваа одлука треба да се гледа и на внатрешно-политички план, вели Јовановски, бидејќи според него Бугарија не би се дозволила еден вид вето или блокада.

Во обидот Бугарија да испорача условувања  против застанаа дел од бугарските интелектуалци сметајќи дека декларацијата е популистичка и непотребна.

Обидот да се отстрани употребата на терминиот „бугарски фашистички окупатор“ е државна политика, но да се условува употребата на „македонски јазик“ е безумно, пишува во својата колумна за Дојче Веле, Ивајло Дичев професор на универзитеот во Софија, 

Што претпоставува ваквиот лупинг? Во нашиве популистички времиња, оние кои ќе признаат постоење на македонски јазик ќе бидат остро напаѓани од медиумската полиција.Претставете си сличен ултиматум од Италија кон Шпанија: при споменување на изразот шпански јазик да се стави ѕвездичка со која ќе се објасни дека тој произлегува од латинскиот, сопственост на нашата татковина. – вели Дичев

Излез од оваа ситуација е што поскоро мешовитите комисии на двете земји да излeзат со извештаи и препoраки до владите, советува Јовановски, иако оттаму до сега произлезе заедничкото прославување на 5 исторски личности, а работата застана кај  Гоце Делчев.

Додека премиерот Зоран Заев е задоволен од улогата на Бугарија и помоштта во приближувањето на Македонија до ЕУ, неговиот политички опоненет Христијан Мицковски стравува дека зад превезот на договорот за добрососедство дури сега испливуваат сокриените препреки кои Бугарија ќе ги испорачува.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ