Кога ќе почне уривањето на дивоградбите во заштитените подрачја на Охридскиот регион

Уривањето на дивоградбите во заштитените подрачја на Охридскиот регион, ќе почне кога тие точно ќе бидат утврдени, односно ќе се направи споредба на податоците во Регистарот на дивоградби што неодамна го изработи локалната самоуправа и на НП Галичица. Тие јавно ќе бидат објавени, но само доколку законот го дозволува тоа, најави општината.

Сите дивоградби во Охридскиот регион нема да бидат урнати до февруари 2020 година, рок кој Комитетот за светско наследатво и го даде на земјата да постапи по 19 забелешки на Реактивната мисија, од што ќе зависи дали Охрид ќе го задржи статусот во УНЕСКО или ќе биде ставен на Листата на заштитени подрачја во опасност. Тоа и не се бара од нас, тврди градоначалникот на Охрид Георгиески. Според него бројот на објекти кои треба да се урнат е многу помал од тоа што како впечаток владее во јавноста.

Општината неодамна распиша тендер за уривање на дивоградби, но признава дека средствата и капацитетите со кои располага се недоволни за успешно справување со проблемот.

Справувањето со дивоградбите е само еден од 19 услови Охрид да го задржи статусот на светско културно и природно наследство под заштита на УНЕСКО. Според општината многу посериозне тест за градот и државата ќе биде решавање на проблемот со колекторот, донесување на Планот за управување со Охридскиот регион до ога треба да биде прогласен мораториум за градба и дислокација на депонијата во Буково.

Горан Момировски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ