
Код: Зошто само неколку авио компании една деценија ги добиваат државните тендери за продажба на авио билети
Кога КОД почна да истражува кои туристички агенции ги добиваат тендерите во последниве години, откривме дека се две до три. Првите две се подолго на пазарот и според изворите од оваа фела, веќе десет години успеваат на тендерите да се пробијат со најниска цена. А цената е фантастични 0,01 денар за таканаречената туристичка услуга на агенцијата. Најчесто тендерите со ваква минимална цена за услуга ги добиваат туристичките агенции „Атлантис“ од Струмица и „Фибула травел“ од Скопје.
Бидејќи е економски неодржлива оваа цена агенциите членки на Стопанската комора за туризам на Македонија имаат иницијатива со барање за ревизија на ваквата понуда.
Најспорен дел, она што го разгледувавме зошто е тоа така да стои најниска понуда, тоа е услуга која што се наплаќа за издавање на билети. Таа во нормални услови кога туроператорите купуваат билети за секојдневна употреба на сите потрошувачи е од 10 до 30 евра. Меѓутоа во сите тендерски документации, односно во условите за да бидете дел од тендерите, во таа најниска понуда ние забележавме дека таму имаме: да се достами понуда на ден тој и тој со вкупна цена на понудата од 0,01 денари.
Секој кој работи во авио бизнисот ги знае пропистите за купување на една авио карта. На цената на вио картата стои: вкупната цена на картата во која стои и таканаречениот Ticket Service charge, ова го наплаќа секоја компанија, но не и во Македонија.
Ако во нормални услови таа услога е од 10 до 30 евра за набавка на билети, каде е економскат аоправданост на овие услуги со 0,01 денар. И колку и да не знаете, кога ќе ја видите услугата во нормални услови набавката и оваа, тогаш се прашувате во што е добивката, односно не мора да биде добивка, која е улогата на овие туроператори и туристички агенции кој што се нафатиле за овој вид на услуга да има 0,01 денар како провизија.
Снежана Лупевска Созен