
КОД: Зошто Агенциjата за разузнавање ги повлече податoците од Отворени финансии по најавата за емисијата?
По најавата на Код за трансфери на пари со банки, платени сметки но и исплати кон тајни агенти и логистичари, објавени на алатката Oтворени финасии, Агенцијата за разузнавање ги избриша податоците и ги назначи за класифицирано.
Aко ги класифицираме трошоците на Агнецијата по најголема сума – најмногу трошоци Агенцијата направила по ставката „телекомуникации – реконструкција на сретства за телекомуникација“ и за членување во меѓународни организации, но и за патувања преку една агнеција.
Но најдовме и имиња на физички лица кои сретствата ги добиле под назнаката „други договорни услуги“ или „отпремнина за пензија“. Па така дознавме дека некогашниот амбасадор во Катар Фуад Хасановиќ, чие име беше познато по скандалот со проневера на 50.000 долари од амбасадата во Доха, што го открија ревзиорите, од Агенцијата за Разузнавање бил испратен со 50 илјади денари што е под контото „трансфери при пензионирање“ а под истата ставка пари добил и Шејнаси Мемети. За него косовските медиуми објавија дека водел разговори со терористите Ндрецај и Ризај пред тие да дојдат во кумановското Диво Насеље. Мемети добил иста отпремнина како и колегата Хасановиќ 50.208 а истиот основ за исплата го има и Борче Стевковски. Сите ги добиле парите во ист ден на 13 ноември годинава.
Во базата е и името на Џељадин Мемети, нему во месец октомври му се исплатени 186.000 денари односно три илјади евра под контото „Други Договорни услуги“. А под истата ставка сретства добил и Маријан Јовановски 34.000 денари.
Сите овие податоци завршиле во базата, нема одговор дали е тоа поради невнимание на Агенцијата, која не ги класифицирала овие исплати или Агенцијата оценила дека само во овие два месеци од годинава има некласифицирани информации за прикажување.