
КОД: Заев не знае каде е Груевски и можеби смета дека унгарските власти прават кривично дело?
И додека Спасовки го чека обвинителот да ги даде сите одговори еве што пишува во Меѓународната конвенција за заштита на лицата од присилно исчезнување и меѓународното право што ја регулира оваа област. Таму стои дека „Едно лице е лишено од слобода без разлика дали се работи за притвор, затвор, грабнување или киднапирање“.
Очигледно е дека Заев не знае каде точно се наоѓа Груевски, па можеби смета дека унгарските власти прават кривично дело заради „Последователното негирање или недавање информации за лишувањето од слобода, односно недавање информации за локацијата и судбината на исчезнатото лице“. Згора на тоа може да го додаде и фактот што лицето, во случајот Груевски, биејќи е исчезнат не може да пристапи до законските и до институционалните заштити и гаранции кои се достапни – или во превод сам некому да каже дека е киднапиран.
Според Меѓународната конвенција секоја држава е должна кривично да го гони секое лице кое сторило, наредило, побарало или предизвикало сторување или се обидело да стори, или пак е соучесник во присилно исчезнување. Ниедна наредба или инструкција добиена од јавен орган, без разлика дали се работи за цивилен, воен или за друг орган, може да се користи за да се оправда извршувањето, односно учеството во која било форма на присилно исчезнување. Или во случајот со Груевски доколку Орбан наредил екс премиерот да биде киднапиран според тезата на Заев, тоа не значи дека нема да се поведе кривична постапка против него или други државни функционери. Во случајот иако поседуваат дипломатски имунитет или имунетет поради функциите во државата тоа не ги спасува вработените во унгарската амбасада или функцинерите на Орбан од истрага.
Оние кои добиле наредба од Орбан да го киднапираат Груевски, според тезата на Заев, можеле тоа и да го одбијат бидејќи тоа е согласно Конвенцијата. Заев се вплетка во еден многу егзибиционистички план за да го врати Груевски. Киднапоирањето како сериозно кршење на човековите права и слободи, треба сега да го докаже а бидејќи се работи за друга земја која тоа го извршила, секој брзоплет напад е само влошување на односите со земја која сепак е членка на Европската унија. И додека чекаме Заев, МВР и Обвинителставта да излезат со сериозни анализи и оставки, не ни преостанува ништо друго освен да се мајтапиме – можеби сите ние од Макеоднија еден ден ќе се разбудиме во една друга земја, не знаејќи дека некој не киднапирал.
Снежана Лупевска Созен