
КОД: Вработена во УЈП оперира низ земјава, измамила граѓани, ќарила десетици илјади евра
Има 40 години, живее во Скопје а на нејзиниот список на жртви е долг.
Во архивите на судовите има една пресуда но и неколку кривични пријави- во последните три години има три пријави за измама.
Најновата е од Mарт годинава ни обелодени скопското oбвинителство. Според списокот на кривичните пријави ги најдовме и жртвите и начините на кои таа мамела.
Не сакајќи да и го откриеме идентитетот и ликот оваа жена за КОД раскажа низ каква измамничка тортура минувала една година.
Сакајќи да стане бизнис партнер во фирмата во која работела и се обратила на Розмарин Стојковска –која и била клиент и со која се познавала неколку години. Основниот мотив да и се обрати било што Стојковска имала искуство во УЈП а и се претставувала и како владин советник за финансии.
Жртвата сакала да земе неповратен кредит од Агенцијата за вработување наменет за отварање на мали бизниси –нешто што Агенцијата го нуди за сите кои сакаат да аплицираат и понудат елаборат з анивниот бизнис план.
Секоја приказна има и втора страна така и оваа. Во обид да дознаеме какви се тврдењатѕа на Розмарин Стојковска за сите овие случаи ја побаравме на нејизниот мобилен телефон.
Не успеавме да добиеме повеќе. Розмарин Стојковска не сакаше да се види со нас за да објасни зошто е осудена за измама и зошто против неа има неколку кривични пријави.
Истражувавме понатаму. Дали УЈП знае за пресудата и кривичните пријави против неа.
Снежана Лупевска – Созен