
КОД: Татко вперил пиштол во ќерката, судот го ослободил
Таткото е ослободен. Но за девојчето во пресудата нема никаква препорака или одлука на судот. Како да и се помогне, кој треба да преземе мерки, како социјалните служби да и го олеснат детството поради состојба во која не е донесена по нејзин избор, туку разведените родители и ја креирале. Адвокатката која ја застапува мајката, но и малолетната жртва тврди дека судот бил пристрасен и не го прифатил сведочењето на девојчето.
Обвинителството поднело жалба на пресудата до скопска апелација, а адвокатот на обвинетиот татко тврди дека обвинителите сакаат судиите да играат по нивно и да им носат пресуди иако во конкретниот случај ја фали судијката за непристрасност.
Судијката Надица Марковска која ја донела пресудата во телефонски разговор стоеше зад пресудата. За адвокатката Панчевска ни рече дека ја смета за „малку неука“, додека Матковиќ го нарече „незгоден“.
Им порачува на незадоволните доколку сметаат дека судењето било нефер-за тоа може да реши Стразбур.
За девојчето кое требаше да биде жртва, судијката се повикува на психијатриското вештачење и смета дека тоа е со заостанат развој кое не може да ја сфати суштината на делото загрозување на сигурноста , дека жртвата давала контрадикторни изјави.
Миомир Серафиновиќ