КОД: Судовите нема да добијат нов АКМИС

Cancellation – запирање на постапката од тендерот. Ова стои на тендерите кои беа објавени за набавка на нов АКМИС. Новиот систем требаше да ја подобри ефикасноста во судовите, предметите кои стигнуваат праведно да се распределат компјутерски на судиите. Но тоа не се случи.

На 18 декември минатата година запрена е постапката на тендерот. Ниту една од трите фирми кои биле избрани за бодување за да го добијат тендерот за набавка на нов софтвер, не ги исполнувала техничките услови на тендерот, дознава КОД. Информацијата ја потврди и министерката за правда Рената Десковска.

Со оглед на тоа што ниту еден од понудувачите кои се јавиле на повикот за да поднесат своја документација, не ги исполнувал условите за селекција и од техничките спецификации кои се бараа да бидат исполнети. За жал не можеше да се склучи договор и тој нов АКМИС нема да може да се реализира, рече министерката Десковска.

Така само за овој тендер пропадна донација вредна повеќе од три милиони евра.

АКМИС-от не е единствениот запрен тендер со средства од ИПА фондовите, наменети за подобрување на правосудниот систем. Пред пет дена, на 28 јануари, cancel има и на постапката за експертска помош за правниот сектор и процесот на реформи, вреден 1.870.000 евра.

Снежана Лупевска Созен

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ