КОД: Сите прислушуваат преку МВР, иако треба да се разделат од локацијата на згаснатата УБК

Законската шема на процесот за следење на комуникаци треба да изгледа вака. Операторите за телекомуникации се на стартот- преку нив се одвиваат комуникации кои може да се следат.

Сообраќајот преку прислушуваните телефони се регистрира преку медијациски уред LEIMD. Преку уредот разговорите се прислушуваат, а процесот го вклучува ОТА со судска наредба за следење.

Содржината преку помалите уреди наречени LEMF оди во надлежните институции кои смеат да прислушуваат.

Тоа се Агенцијата за национална безбедност која е единствена што смее да следи за истраги или за превенција при сомнежи за тероризам, против државни активности и за корупција од висок профил.

Наредбите за ова прислушување го дава Врховниот суд, кој мора да дозволи и во итни случаи- кога АНБ брза за да дојде до информации и спречи ризични терористички акции во државата.

Вториот сегмент се агенции за спроведување на законот како што се сектор за организиран криминал на МВР, финансиска полиција и царината.

Сите треба да имаат различна директна врска со ОТА и различна оптички кабел од АНБ.

За кривични истраги, дозвола за следење комуникации бара обвинителството за организиран криминал и одобрува надлежниот скопски кривичен суд. Шемата е таа. Секој орган има посебна раздвоена врска со ОТА.

Обвинувањата на Чулев беа дека не е така особено за делот на МВР. Оперативно –техничката агенција првин го извести техничкиот министер, а потоа се обрати до јавноста со соопштение во кое ги одбива наводите од првиот во момент човек на МВР, како неточни и неосновани. Со акцент дека нема незаконско прислушување.

Уште две институции имаат можност да прислушуваат за свои истраги. Прва е царината, за која ова е нова можност за истраги.

Таму има опрема за сопствена директна врска со ОТА, која е странска донација, сместена е во посебна просторија, но вработените кои ќе треба да се занимаваат со посебни истражни мерки се уште не ги добиле бараните безбедносни сертификати.

Финансиската полиција е посебна приказна, ни таа нема сопствен оптички кабел до Оперативно-техничката агенција туку користи услуга преку МВР, врска која пак оди- преку АНБ.

Тврдат дека немаат ништо со АНБ и не процесуираат истраги преку нив.

Не биле подготвени досега, а законот и ОТА постојат од 2018-та. Иако имало можност и тие да добијат директен линк, просториите не им биле соодветно обезбедени, ни потврдија во својот одговор

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ