
КОД: Што ги поврзува Вера Иванова, со притворениот Сашо Мијалков
Вера Иванова е управител на Диамед истовремено таа е сопственик и на фирмата Метрополитиен во чија сопственост е Диамед. Во 2013 Метрополитен го добива тендерот за дијализа до 2034 па ја оснива Дијамед како Приватна здравствена установа.. Бидејќи Дијамед не може да ги пренесе лиценците на друго правно лице , во договорот за продажба со Шведската фирма Диаверум стои дека всушност се продава Метропилитен –така оваа фирма и понатаму останува газда на Диамед а сега Метрополитен оди во рацете на Швеѓаните. Метрополитен е со удели на ; Вера Иванова која има удел од 25% во Метрополитен а останатите 75% ги има фирмата Смарт Холдинг лимитед регистрирана во ХДС бизнис центарот во Дубаи.Нејзината сметка е во Монако. Па поред овој договор Смарт добива 9 825 000 на сметката во Монако евра затоа што го продава уделот во Метрополитен а Вера Иванова на сметката во банка во Скопје добива 3 275 000 евра .
Смарт Холдинкг лимитед е основана од во Јули 2015 а пререгистрирана на Први Јануари 2018 Директор е Вера Иванова. Таа е оснивач и на Генерал Солушн Сервисис лимитед регистрирана на третиотѕ кат на зградата во Раод Таун на Британските Девствени Острови која всушност е сопственикот на Смарт Солушн .
Секаде стои името на Вера Иванова.