КОД: Секретарка со осмо одделение, шофери подобри од началници, опстанок на крвната врска- како се одвивала селекцијата за нови агенти во тајната служба

Роднинските врски и блиските семејни релации опстанаа. Крвта не е вода, вели народната поговорка- која стана дефиниција за дел од вработувањата во новата безбедносна служба Агенција за национална безбедност-АНБ, објавено е во емисијата КОД.

Сите овие роднински вработувања се потенцијален судир на интерес. И така напишано, во писмена форма, како совет да не се прават вработувања на роднини во нова служба го испратила и официјално уште во август антикорупциската комисија до членовите на комисијата за селекција која бираше кој од УБК ќе дојде во АНБ.

-Побарано беше мислење од нас. Секое роднинско поврзување во иста институција значи судир на интереси. Второ прашање е и влијание врз интегритетот на вработени во иста институција, а врз нив да влијаат семејните врски, истакна претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.

Советот е примен, но комисијата за селекција постапила спротивно од тоа. Наместо стоп за роднините, тие добиле отворени врати во АНБ доколку ги поминат тестовите. Тоа беше потврдено и од врвот на агенцијата, а решението што е понудено за во идинина е дека во Агенцијата првин ќе ги прашаат дали имаат роднини и кои се, а потоа ќе се распоредат во различни организациони единици. Рецептот е смислен иако од ДКСК велат дека ќе мора да се провери крвната врска во тајната служба за која разбрале од медиумите.

Спор полиграф и контроверзен тест за интегритет- како работеше комисија за селекција?

Комисијата за селекција имаше 4 члена (2 од УБК-МВР и 2 од репрезентативен синдикат) и од претседателот на АНБ Виктор Димовски. Двајца пратеници беа набљудувачи (Трајче Димков од ВМРО-ДПМНЕ и Јован Митровски од СДСМ).

Членовите од УБК и од синдикатот за да станат дел од комисијата морале да поминат тест за интегритет. И го поминале. Но кога дошол редот и вработените во УБК да ја минуваат таа законска обврска, се утврдил проблем дека нема стандардизиран психолошки инструмент за вршење тест на интегритет. Во Македонија имало вкупно 3 приватни агенции кои вршат тетсови за интегритет, но според зборовите на луѓето од комисијата тие немале дозвола и лиценца да прават такви тестови. Поради тоа комисијата одлучува да ја укине таа законска обврска и да не се врши тест за интегритет. Тестот инаку чини 50 евра, а се врши за еден час писмено.

Втората законска обврска беше вработените да го минат тестот за полиграф. Но проблемот е што има еден таков апарат во МВР, еден надлежен службеник и целиот процес трае повеќе од три часа. И тогаш е решено-полиграфот е обемна операција и ќе се врши постојано врз припадниците на АНБ, но не за време на селекцијата. Тоа е противзаконски сметаше набљудувачот од опозицијата.

КОД открива детали како се одвивала селекцијата во кои имало и интересни моменти. Кога комисијата ги оценувала началник на оддел , неговата секретарка и неговиот члогистичар во одделот утврдиле дека двајцата секретарката и заднинецот имаат повеќе бодови од нивниот шеф. Бил откриен уште еден случај, кога секретарка со години вработена во УБК се пријавила за работа во АНБ а имала само свидетелство за завршено осмо одделение.

Селекцијата се состоела од оценки на комисијата кои биле во вредност од 20 поени, а во тоа влегувал и начинот на работата и резултатите од службата во УБК. Квантитетот се оценувал преку број на белешки поднесени во службата, но проблем е што за тоа нема воедначена пракса кога треба да се напишат белешки.

Така например имало образложение на агенти дека немале голем број белешки на годишно ниво затоа што или немале обврска да пишуваат или пак тврдел едека немале сознанија од оперативната теренска работа за да пишат белешка. Од друга страна имало примери кога агенти пишувале огромен број на службени белешки, некои имале и по 2 илјади годишно за најарзалични работи. Така на крај тој што пишувал повеќе имал подобри оценки за теренска работа со извори на информации, или како што стручно се нарекува „користење на средства и методи на службата“.

 Квалитетот на информациите од работата на секој поединечен припадник на УБК бил пресметуван од аналитичките служби и тука се гледало кој е подобар агент и кој со помалку напишано дознава повеќе. Но тие информации се сведени од началниците кои се новопоставени. Тука според Димков можело да има проблеми поради лична нетрпеливост иако во АНБ сметаат дека е извршена солидна селекција на кадри.

Прилогот е објавен во емисијата КОД на 06.10.2019.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Последни објави во КОД

КОД: Мобинг и еротика во скопско училиште и крвав медицински отпад без одговорност 09.02.2020

https://www.youtube.com/watch?v=TWA_KU9W4BY&fbclid=IwAR1UYXWm9Pms6-hgBd445ZbK2NeLRIHf6CfWnKTqAU0lypbHUWkBdSE3728

КОД: Каков отпад се увезува и гори во Македонија? 26.01.2020

https://www.youtube.com/watch?v=AnzxTOUTObQ

КОД открива дека во УБК имало повеќе припадници со двојни идентитети

Досие тајна мисија-ова не е најава за нов филм на Џемс Бонд туку Код открива дека освен Варелов имало и други припадници на службата кои вршеле непријавени мисии со таен...

КОД: Каде се парите од „Рекетот“, убиецот на Јанушев и УНЕСКО драма во Охрид 20.10.2019

https://www.youtube.com/watch?v=UsecpstgTx8&t=1822s&fbclid=IwAR3Z-icCLE2KrOR8yUMz08vInEn48pEeax_LFXrY8khrufWaa01232GF5fs

КОД:Секуловски-Кобрата, осомничениот за убиството на Мартин Јанушев „вшетал“ во затворот иако полицијата го гонеше две години

Реконструкција на КОД: Понеделник. 14-ти октомври. Доцна попладнево. 27-годишен човек полека се приближува кон затворот во Шутка. Завршено е работното време, но таму има и дежурна чуварска смена и повеќе...