
КОД: Разузнавачките игри на Верушевски и цврстите дивоградби во Охрид
Од оние кои имаат сознанија за случајот, исказот на Верушевски во истрагата за „Пуч“ го оценуваат како обемен, содржаен кој открива како всушност е извршено снимањето и нелегалното прислушување. Верушевски уште тогаш барал да се изврши вештачење за да се утврди точно каде нелегално се прислушувало и кој е одговорен за тоа.
Верушевски при распитот пред обвинител дури и посочил дека обвинителот треба да го изведе вештачењето на опремата во УБК, во петата управа. Таа негова идеја не била прифатена, а еден месец подоцна – опремата за следење на комуникации која не е вештачена била уништена на два скопски отпади за што СЈО го отвори предметот „Тврдина“. Специјалните обвинители докази бараа потоа преку претрес во УБК и со експертска помош од Ериксон кои ги бараа доказите во мрежата кон Телеком.
Овие извори на КОД тврдат дека целта на тогашниот исказ на Верушевски и на актуелното сведочење е ист, да се изврши вештачење и експертски да се утврди каде е произведено незаконското прислушување и бомбите. Ваквиот исказ го откри КОД во оценката на обвинителниот акт даден пред судот. Верушевски тогаш ќе каже:
Не постои шпиунажа која се фокусира на прислушкување во држава. Таква амбиција нема самата шпиунажа туку има цел да обезбеди содржини кои се од витален интерес за национална безбедност. Прислушкувањето е креација на петтата управа на УБК. Во истрагата не се обезбедени безбедносни протоколи кои се неопходни за да се утврди оправданост на противправно однесување и кои исклучуваат можност од нелегален пристап.
Но во исказот од понеделник за „Тврдина Таргет“, Верушевски вели поинаку.
Инаку КОД дојде и ди запленети фотографии што Верушевски ги добивал додека бил во притвор за „Пуч“.