КОД: Поранешен заменик министер и тројца пратеници биле со Мијалков кога „алфите“ го апселе

Речиси скриениот Лаунџ бар во Мериот очигледно бил за блиски луѓе на Мијалков. Иако имало и не препознатливи лица сепак вечерта тој бил во друштво на најмалку тројца пратеници. Крсто Муковски,  Сашо Василевски и Нола Исмаиловска Старова– се пратениците кои очевидците кои присуствувале на апсењето ги виделе. И тие биле изненадени од упадот на алфите и апсењето.

Не е тајна дека токму Мијалков важеше за човек кој посредуваче мешу Заев односно владата и осумтенмината кои гласаа за уставните амандмани. Муковски и Василевски излегоа од куќниот притвор за да влезат во парламентот и да кренат рака за уставните амандмани.

Сега би биле и на листата амнестирани за крвавиот четврток доколку се исполнат најавите на Заев. Што правеле со Мијалков таа ноќ во Мериот не коментираат. И тие заедно со Мијалков се исклучени од ВМРО ДПМНЕ по налог на Мицковски. Но Мицковски со тоа не ја исклучи врската на Мијалков со партијата.  Токму на ноќта на апсењето  во Лаунџ барот е и Билјана  Бришковска.

Каков состанок имале никој не открива но поради тоа што се таму со Мијалков се постави во јавноста прашањето како тоа ќе влијае на понатамошното гласање за уставните амандмани кај пратениците кои тој ги договорараше да гласаат „за“. Се завршило мирно и без инциденти а до денеска ниту СЈо ниту судот ниту полицијата не е објаснија  како и кога планирал Мијалков да избега   како што е наведено во барањето за негов притвор од страна на СЈО.

Приведувањето е изведено и брзо и ефикасно, а факторот изненадување спречил одолжување на драмата. Мијалков е уапсен вечерта на 20-ти ноември. Дента бил во суд каде имаше рочиште за Тортура, случај во кој и Мијалков е обвинет.

Со кого бил екс директорот на УБК во хотелот каде бил уапсен, кој му го толкувал решението за притвор, со кого се поврзани парите откриени во Монако. Тимот на КОД истражуваше како се одвивало апсењето на Груевски, до каде е потрагата по одговорните за бегството на Груевски и како се одвива помирувањето. Емисијата е во 19:15 на Телма, а еве дел од емисијата за друштвото на Мијалков кога бил уапсен.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ