КОД на Телма: Колку се издвојува за кириите и канцелариите на поранешните претседатели

Поранешните претседатели сами ги бираат канцелариите откако ќе им заврши функцијата и договорите се потпишуваат без тендер. Во вечерашното издание на КОД истражување колку се издвојува за кириите и канцелариите на поранешните претседатели Црвенковски и Иванов. Со парите дадени за кирија за канцеларијата на Црвенковски по една деценија може да се купи исто толку голем деловен простор.

Си заминуваат, но остануваат во јавноста во кабинети и фондации и на сметка на граѓаните. Таа е судбината на сите екс- претседатели. Од 12-ти мај, Македонија има еден кабинет на Претседател и два кабинети на поранешни претседатели. Со дуплирање на екс-претседателите се удвојуваат и трошоците на граѓаните. Двајцата поранешни, Црвенковски и Иванов избрале државата односно граѓаните да им плаќаат закуп во приватен деловен простор наместо да се сместат во некои од празните државни објекти.

Кабинетот на Киро Глигоров беше во стан во зграда во ГТЦ. Државниот стан го користеше кабинетот до неговата смрт. Сега во тој стан се канцеларии на ГТЦ и ги користи ќерката на Амди Бајрам.

Иванов за своја нова работна адреса ја избра Булевар Србија 31. Во зграда на компанијата Турмак на Џевахир. На сопственикот на зградата Џевахир, Иванов му беше и еден од свадбените кумови поради што антикорупциска ќе испитува дали киријата за кумашинот е  судир на интереси и непотизам. Месечната кирија е 1950 евра. Државата дополнително ќе плаќа и комуналии, а ќе се купува и мебел и опрема за канцелариите.

Но Иванов поефтино ќе ги чини граѓаните од Црвенковски.

Претпретпоследниот претседател Бранко Црвенковски е во приватен деловен простор, но многу поскап од Иванов. За него, државата склучила договор со компанијата Импексел 2 од Дебреше на сопственикот Неим Хусеини. Граѓаните месечно за канцеларијата на Црвенковски плаќаат по околу 3 илјади евра кирија. Или за овие десет години за Црвенковски, фирмата од Дебреше добила 360 илјади евра за кирија –пари со кои државата  можела да купи околу 140 квадратни метри деловен простор, односно да ја купи истата канцеларија.

Годишно за трошоци и комуналии државата исплаќа над 7 илјади евра, или вкупно досега кабинетот на Црвенковски за една деценија потрошил околу 71 илјада евра за вода, струја, интернет, телефон, смет. Од дозволените тројца службеници, кабинетот на Црвенковски има две вработени.

Во вечерашното издание на КОД и за тоа кој си замина од претседателскиот кабинет на Водно и кој се всели со новиот претседател, како и истражување зошто блиски роднини на функционери од Државната изборна  комисија донирале пари за изборна кампања на претседателските кандидати.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Последни објави во КОД

КОД: Мобинг и еротика во скопско училиште и крвав медицински отпад без одговорност 09.02.2020

https://www.youtube.com/watch?v=TWA_KU9W4BY&fbclid=IwAR1UYXWm9Pms6-hgBd445ZbK2NeLRIHf6CfWnKTqAU0lypbHUWkBdSE3728

КОД: Каков отпад се увезува и гори во Македонија? 26.01.2020

https://www.youtube.com/watch?v=AnzxTOUTObQ

КОД открива дека во УБК имало повеќе припадници со двојни идентитети

Досие тајна мисија-ова не е најава за нов филм на Џемс Бонд туку Код открива дека освен Варелов имало и други припадници на службата кои вршеле непријавени мисии со таен...

КОД: Каде се парите од „Рекетот“, убиецот на Јанушев и УНЕСКО драма во Охрид 20.10.2019

https://www.youtube.com/watch?v=UsecpstgTx8&t=1822s&fbclid=IwAR3Z-icCLE2KrOR8yUMz08vInEn48pEeax_LFXrY8khrufWaa01232GF5fs

КОД:Секуловски-Кобрата, осомничениот за убиството на Мартин Јанушев „вшетал“ во затворот иако полицијата го гонеше две години

Реконструкција на КОД: Понеделник. 14-ти октомври. Доцна попладнево. 27-годишен човек полека се приближува кон затворот во Шутка. Завршено е работното време, но таму има и дежурна чуварска смена и повеќе...