
КОД: Македонска врска во шемата на СЦЛ и Кембриџ-аналитика за кампањата на Трамп
Како македонски министер се најде во шемата на Кембриџ Аналитика, која е обвинета за помош на Трамп при освојувањето на претседателската позиција во Белата Куќа. Код во своето вечерашно издание истражува зошто позната македонска организација за истражување на јавното мислење се нашла во прегратките на озлогласената Кембриџ аналитика и објавува кои се методите за влијание врз гласачите кои се користени преку злоупотребени лични податоци оставени на Фејсбук.
Во емисијата КОД вечерва и откритие за, 15 години стари, документи на военото разузнавање и на НАТО во кои имало податоци за можните сторители кои 2003-та ја поставиле мината кај Сопот, во која загинаа двајца полски војници и еден жител на Куманово.