
КОД: Корона вирусот влезе и во болниците и меѓу лекарите
Ургентниот центар е првата борбена линија. Доктор Влатко Алексов раководи со ургентниот центар каде тој и неговите колеги одговараат на итните случаи
„На пример ако си се вратил од Германија пред две недели и добиете слепо црево овде е местото каде би дошле и сите слични какои и инфарктите кои се сомнителни со температури ама сите други на клинички центар тоа ќе ни помогне многу и нас и на неинфицираните и здрави, некогаш е гужва има тешки пациенти и би се намалила трансмисијата“
Болницата е поделена на три дела, административен или чист како што популарно го нарекуваат овде, делот каде се чека на резултатите, но пациентот е сепак изолиран и третиот таканаречен Ковид центар каде се сместени пациентите заболени од Ковид 19. Се зголемува бројот на вакви пациенти
„Еден имаме на распиратор знам дека има уште 3 ца од Куманово од утрово ама се во потешка состојба ги прифакаме се ставаат на респиратор и ако е 1 до 2 пати останува.
„Имаме во тешка состојба згрижени трансферирани по оддели направени имаме на респиратор повеке се на инфективни болести“
Ова се фотографии од КОВИД центарот. Макисмална заштита на лекарите и сестрите кои работат таму .Сестра Весна Станчевска е една од нив .
„Максимално сме заштитени со комплетна опрема по стандарди на СЗО, персоналот го штитиме не искачаме надвор од Ковид центар ако има потреба дезинфицирани работи подаваме на човек кој е повикам, рендген ехо и дијагностики имаме апаратура за во Ковид“.
Она што е најтешко се многуте непознаници за тоа како пациент ќе реагира на вирусот , често се менува нивната состојба
„Вирусот е непредвидлив неистражен, пациенти за брзо време се менува состојба се викаат анестезиолошки се стабилизираат ги ставаме на машина и понатаму ги лекуваме“.
Бројот на пациенти варира-потешките случаи се на респиратори.
Снежана Лупевска Созен