КОД: Контролор на летање со поголема плата од Иванов и Заев

Кои се најголемите плати, како некои директори во државни агенции земаат поголеми плати од претседателот и премиерот, зошто сите сакаат државна плата, ова се дилемите и темата на вечерашното издание на емисијата КОД.

Во Код вечерва и за тоа дали високите коефициенти на функционерите ја намалуваат корупцијата. Истражување и за буџетот на СЈО, во кој повеќе од половина предвидени средства или околу 2 милиони евра годишно се наменети за договорни услуги, кои според ова обвинителство се тајни податоци. Код е по централните вести на Телма, во 19.15 часот.

Според  Законот, платата на функционер и на раководител се утврдува така што просечната плата во земјава се множи со коефициент и се зголемува за тоа колку работното искуство имаат. Сумата за просечната исплатена месечна плата по вработен во земјава за претходната година, ја пресметува Државниот завод за статистика.

Коефициентите за пресметување плата се од 1 до 4,5 што значи дека најмалата  нето плата без минат труд и други додатоци е 18 327 илјади денари а најголемата 79 896 илјади денари.

Како расте просечната плата во Македонија така расте и платата на административците .  Здравко Савевски од Ленка смета дека токму просечната бруто плата со која се множи коефициентот ги прави платите на  функционерите поголеми.

Во државата според Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во република Македонија тројца функционери имаат иста основна плата по 79.896 денари. Тоа се претседателот Ѓорѓе Иванов, премиерот Зоран Заев и претседателот на Собранието Талат Џафери нето плата.

Иако според  Законот, платата на раководителите на републичките или владините органи е во просек со  коефициент од  3,2 што би значело основна плата од 57 027 многу често првите луѓе на регулаторните тела, агенциите или други државни органи имаат многу поголеми плати. МНАВ вработува вака е насловен огласот на Македонската навигација каде стои дека нето плата на контролор за летање  е 121.877,00. Овде платите на менаџерите ги одредува управен одбор ги контролира надзорен одбор а нивните примања се далеку поголеми од оваа плата на контролор и се тајна.

Снежана Лупевска Созен

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ