КОД: Го прогласиле за пијан, не го прегледале а рбетот му бил скршен- Боро Стаиќ со години чека правда за лекарска грешка

Еден несреќен скок и пад во езерото на едно тогаш малолетно момче целосно ќе му го смени животот. Гостите на Кадмо го наоѓаат Боро Стаиќ во вода и викаат итна помош.

Случајот иако пријавен како „дете кое паднало во езеро“ од лекарите на охридската итна помош и болницата во тој град бил третиран како пијано момче. Никој не го прегледал ниту утврдил дали навистина Боро е пијан или има многу потешки, сериозни повреди кои се опасни и по живот.

Доживотна парализа, маратонски судски процес за лекарска грешка на двајца доктори. Приказната, последните седум години ја живее 25-годишниот скопјанец Боро Стаиќ. Неговата приказна не е ниту едноставна, ниту лесна за раскажување, но открива како здравствениот систем и општеството се справуваат со сопствените грешки. Трагедијата се случила неколку дена пред Боро да стане полнолетен.

Повеќе за ова вечерва во емисијата КОД во 19:15 на Телма ТВ.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ