КОД: Финзи на Крпач избришана од регистарот, а преку неа се испрани 2,3 милиони евра

Речиси три години трае предистрагата за смртта на Коста Крпач, управител на фирмата Финзи и сведок на СЈО во повеќе истраги за финансиски криминал. Досега телефонот на застреланиот не е отворен, скопското обвинителство бара помош од странство за таа цел. Земени се изјави од 19 сведоци. Но вистината се уште не е откриена.

Во вечерашната емисија КОД, информација и зошто  фирмата Финзи со која управуваше Крпач и која според СЈО учествувала во перење на околу 2,3 милиони евра украдени пари од Македонија- пред три недели е избришана од централниот регистар.

Во КОД вечерва и за другите сомнителни случаи на загинати луѓе кои се прогласуваат за самоубиства. Во емисијата е подготвена и реконструкција за случајот со лекарката Јелка Масин.

КОД: Финзи на Крпач избришана од регистарот, а преку неа се испрани 2,3 милиони евра

Мартовско претпладне. На скопската улица Иво Лола Рибар вообичаена раздвиженост. Зградата со број 59 стана позната пролетта пред 3 години. Тогаш беше место на злосторство и домашна адреса на Коста Крпач, 40-годишен скопјанец кој беше најден застрелан во сопствениот стан. Подолго време таа адреса имаше и бизнис улога.

Беше седиште на фирмата Финзи ДООЕЛ, чиј управител беше застреланиот Крпач, а сопственик беше американска компанија со долго време непознат основач.

Денеска адресата е само место на злосторство кое не е расветлено до крај. Од пред три недели според податоците на централниот регистар фирмата Финзи ДООЕЛ е избришана од регистарот.

На 18-ти февруари 2019, користејќи го член 552-б од законот за трговски друштва, поради недоставен финансиски извештај за 2016-та година (година на трегадијата) Централниот регистар ја брише фирмата од списокот на активни фирми. Финзи се уште е дел од постапката во предметот Трезор на СЈО. На фирмата во октомври 2016-та  и е замрзната сметката иако овластениот потписник и управител веќе беше застрелан. Основачкиот влог на македонската компанија Финзи е 650 илјади евра.

Но со бришењето, се брише и тој влог. Финзи сепак не е само дел од „трезорот“, туку е дел и од тековната истрага на СЈО „Империја“ во која според наводите на специјалните обвинители Финзи е искористена за перење на пари. Околу 2,3 милиони евра се испрани преку Финзи и Ексико, тврдела обвинителката Лиле Стефанова на брифинг со новинари на 11-ти февруари оваа година. Една недела подоцна (по брифингот на СЈО), Финзи е избришана од списокот на постоечките фирми во државата.

Зошто е дозволено згаснување на фирмата клучна во најмалку две истраги на СЈО и што стана со парите од сметката и од основачкиот влог на Финзи.

Тоа е нова мистерија која се надоврза на нерасветлената трагична судбина на последниот управител на Финзи, Коста Крпач. 27-ми април 2016-та почна таа мистерија.

Миомир Серафиновиќ

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Последни објави во КОД

КОД: Мобинг и еротика во скопско училиште и крвав медицински отпад без одговорност 09.02.2020

https://www.youtube.com/watch?v=TWA_KU9W4BY&fbclid=IwAR1UYXWm9Pms6-hgBd445ZbK2NeLRIHf6CfWnKTqAU0lypbHUWkBdSE3728

КОД: Каков отпад се увезува и гори во Македонија? 26.01.2020

https://www.youtube.com/watch?v=AnzxTOUTObQ

КОД открива дека во УБК имало повеќе припадници со двојни идентитети

Досие тајна мисија-ова не е најава за нов филм на Џемс Бонд туку Код открива дека освен Варелов имало и други припадници на службата кои вршеле непријавени мисии со таен...

КОД: Каде се парите од „Рекетот“, убиецот на Јанушев и УНЕСКО драма во Охрид 20.10.2019

https://www.youtube.com/watch?v=UsecpstgTx8&t=1822s&fbclid=IwAR3Z-icCLE2KrOR8yUMz08vInEn48pEeax_LFXrY8khrufWaa01232GF5fs

КОД:Секуловски-Кобрата, осомничениот за убиството на Мартин Јанушев „вшетал“ во затворот иако полицијата го гонеше две години

Реконструкција на КОД: Понеделник. 14-ти октомври. Доцна попладнево. 27-годишен човек полека се приближува кон затворот во Шутка. Завршено е работното време, но таму има и дежурна чуварска смена и повеќе...