КОД: Дроновите на МВР приземјени иако уште стигаат милионски сметки и може да летаат

Три дрона на МВР се приземјени со одлука на поранешниот министер Оливер Спасовски откако со реорганизацијата на тајната служба и формирањето на УБК, леталата не се префрлени ниту во јавната безбедност ниту во новата АНБ, открива КОД во своето вечерашно издание.

Дроновите набавени во периодот 2010/11 се од израелско производство се уште се способни за летање, а исто така се уште се плаќа за нивното одржување. Последната сметка изнесува 2,3 милиони евра и допрва треба да се плати.

Дроновите од типот Хермес 450 веднаш по купувањето се сместени во новоформирана единица за беспилотни возила во контроверзната Петта Управа на УБК предводена од избеганиот началник Горан Грујовски. Покрај за полициски акции и воздушни набљудувања, биле користени и за следење на луѓе, како и за набљудување и фотографирање на партиски митинзи.

Во КОД вечерва е и истражувањето за чудните дупли награди за исти даночни обврзници во наградната игра МОЈДДВ, како и продолжение на приказната за директорот на скопското училиште „Лазо Ангеловски“ кого вработени го обвинуваат за мобинг и тврдат дека вработени внатре во школото правеле порнографски фотографии.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ