КОД: Верушевски сведочел дека прислушкувањето е креација на петтата управа на УБК

Од оние кои имаат сознанија за случајот, исказот на Верушевски во истрагата за Пуч го оценуваат како обемен, содржаен кој открива како всушност е извршено снимањето и нелегалното прислушување. Верушевски уште тогаш барал да се изврши вештачење за да се утврди точно каде нелегално се прислушувало и кој е одговорен за тоа. Верушевски при распитот пред обвинител дури и посочил дека обвинителот треба да го изведе вештачењето на опремата во УБК, во петата управа. Таа негова идеја не била прифатена, а еден месец подоцна- опремата за следење на комуникации која не е вештачена била уништена на два скопски отпади за што СЈО го отвори предметот Тврдина. Специјалните обвинители докази бараа потоа преку претрес во УБК и со експертска помош од Ериксон кои ги бараа доказите во мрежата кон Телеком. 

Овие извори на Код тврдат дека целта на тогашниот исказ на Верушевски и на актуелното сведочење е ист, да се изврши вештачење и експертски да се утврди каде е произведено незаконското прислушување и бомбите.  Ваквиот исказ го откри КОД во оценката на обвинителниот акт даден пред судот . Верушевски тогаш ќе каже

Верушевски: ,,Не постои шпиунажа која се фокусира на прислушкување во држава. Таква амбиција нема самата шпиунажа туку има цел да обезбеди содржини кои се од витален интерес за национална безбедност. Прислушкувањето е креација на петтата управа на УБК. Во истрагата  не се обезбедени безбедносни протокли кои се неопходни за да се утврди оправданост на противправно однесување и кои исклучуваат можност од нелегален пристап“.,

Но во исказот од понеделник за Тврдина Таргет, Верушевски  вели поинаку.

Инаку КОД дојде и ди запленети фотографии што Верушевски ги добивал додека бил во притвор за Пуч. Повеќе на оваа тема вечерва во КОД во 19 :15 на Телма.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ