КОД добитник на наградата за истражувачко новинарство на ЗНМ

Емисијата КОД на новинарката Снежана Лупевска Созен и нејзиниот тим новинари Билјана Николовска и Миомир Серафиновиќ, ја доби наградата за истражувачко новинарство на Здружението на новинарите на Македонија, за серијалот за „Крвавиот четврток“.

Наградата ја делат со новинарката Менче Атанасова Точи од порталот НОВА, за истражувањето за гинекологот кој девет месеци лажел пациентка дека е бремена.

Наградата за животно дело е доделена на новинарот Љубомир Гајдов.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ