Кочовска обвинува за опструкции, Ангеловска тврди лажна вест е забраната за комуниација

Кочоска на 8-ми спрат, Ангеловска еден спрат погоре, на 9-ти, едната еден час порано од другата, денеска ја продолжија отворената војна во финансии, која почна вчера на првиот работен ден на дополнителната заменичка во ресорот. Кочоска пред новинарите рече дека е разочарана од опструкциите од Ангеловска која со мејл им забранила на вработените да комуницираат со неа и да даваат информации без одобрение на нејзиниот кабинет.

Јас не барам да добивам податоци за неѓшто што е во моментот во тек, готови информации не с ево рамки на процедури. Тоа се документи и информации на народот. Што ќе одобрува повторно кабинетот на министерката, вели Кочоска.

Кочоска ја обвини власта за нереално буџетско планирање, поради што државата треба дополнително да се задолжува. Рече дека потфрлила реализацијата на буџетот, односно за речиси 25 проценти се собрани помалку пари од данок на добивка од планираните, што според неа е доказ дека бизнисот и економијата стагнираат.

Ангеловска пак со 35 градиначалници зад себе тврдеше дека лажна вест е забраната за комуникација со Кочоска.Тврди министерството е толку транспарентно и отворено, што не треба да си дополнителен заменик министер за да ги видиш сите трансакации.

Не се работи за никаква забрана, и дека обидот за мејл испратен од кабинет во кој се содржи процедура за работа и комуникација се претстави од страна на одредени медиуми како некаква си завера за мене не е ништо повеќе освен политичко поентирање. И третиот дел кој што чуствувам дека треба да го посочам тоа е дека јас сму дојдена на оваа позиција пред 4 месеци без никаков багаж, немам ни црвени, ни розеви ни црни наочари и немам што да кријам, вели Ангеловска.

Инаку со Пржинскиот договор, дополнителните заменици-министри кои се од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ имаат врзан потпис со министерот. Секое трошење на државни пари, не може да помине без потпис и од дополнителната заменичка.

Александра Филиповска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ