
Кочани во борба со сообраќајниот метеж
Централното градско подрачје на Кочани има проблеми со сообраќајниот хаос. Локалната власт размислува проблемот да го реши со селење на администрацијата во друг објект.
Градоначалникот, Николчо Илијев вели дека засега е на ниво на идеја. Објектот за којшто се размислува е поранешниот Правен факултет.
Но, пред да се направи било каков чекор во интерес на решавањето на сообраќајот во центарот ќе се прават анализи и анкети меѓу граѓаните. Во овој објект на поранешниот Правен факултет се планира да се смести општинската администрација и комуналното претпријатие Водовод. Додека во општинската зграда да бидат сите подрачни единици на министерствата, УЈП и на одбрана, коишто се во катстрофална состојба.
За судбината на објектите коишто се реновирани, а не се користат од страна на штипскиот универзитет низ градовите на истокот ќе се чека на став од Владата, но и иницијатива на општините.
Станува збор за објекти кои беа реновирани пред десетина години кога тогашната Влада преку кампањата Знењето е сила знањето е моќ го промовираше проектот дисперзија на високото образование.
Како одржливи центри на универзитетот „Гоце Делчев“ останаа Штип, Струмица, Кавадарци, Прилеп, Гевгелија и Скопје .
Викторија Димитрова Јованова