
Кочан заложил имот во банки, доправа ќе се одлучува дали и како ќе биде запленет
Додека судијата во скопскиот кривичен суд ја прегледува докуменатцијата за да одлучи дали и кога Сеад Кочан ќе оди на издржување на затворската казна, агенцијата за за управување со одземен имот веќе ја средува докумантацијата за заплена на недвижен имот и возила на Кочан и неговата фирма „Трансмет“. Сепак и тука ќе има пречки бидејќи дел од тоа што треба да се заплени е ставено под залог во банките.
Од скопскиот суд соопштија дека одлука сеуште не е донесена и дека се проверува доставената медицинска документација со која неговите адвокати во понеделникот повторно побараа одложување на издржувањето на казната од четири години и осум месеци.
Меѓутоа се јавува уште еден проблем а тоа е заплената на имотот на Кочан и фирмата „Трансмет“ со која треба да се надомести штетата од над 17 милиони евра.
Директорот на агенцијата за управување со одземен имот, Фатон Асани, потврди дека минатата недела кај нив пристигнала правосилната пресуда и дека веќе е назначен тим кој работи на утврдување што и како може да се заплени. Уште на самиот старт е утврдено дека има проблеми со недвижниот имот, станови, деловен простор и земјиште бидејќи дел се заложени во банките.
Слично е и кога станува збор за возилата. Од над двесте возила кои треба да бидат запленети, дваесет и четири камиони веќе биле заложени во банки.
Асани соопшти дека веќе биле контактирани од извршители кои се заинтересирани што побрзо да се реши новонастаниот проблем.
Огнен Чанчаревиќ