Кочан уште не се појави во затворот Идризово

Бизнисменот Сеад Кочан утрово го примил решението од Кривичен кој го известува дека одбиена му е молбата за одлагање затворската казна од 4 години и 8 месеци и дека треба веднаш да се јави во затворот Идризово.

Но во затворот Идризово вчера го добиле судското известување за Кочан и  за Телма велат дека новиот станар согласно процедурите го чекале до истекот на денот, но откако сам не се пријавил денеска го известиле судот кој сега треба да одлучи што понатаму, до кога ќе му даде шанса на Кочан сам да дојде.

Од судот објаснуваат дека  од денеска почнува да важи рокот за итно јавување на Кочан бидејки тој денеска го примил решението но не прецизираат до кога ќе го чекаат осуденикот пред да побараат полициско спроведување во затвор. 

Првичниот Кочан требаше да почне да ја издржува затворската казна на 17 јули, но неколку дена претходно забрши во болница и повторно побара одлагање на затворската казна што беше одбиено од судот во петокот.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ