Коалициските партнери ја договараат владината реконструкција

Преговорите меѓу СДСМ и ДУИ околу најавената реконструкција на Владата се во тек и според најавите на премиерот Зоран Заев првите промени се очекува да се случат најдоцна до средината на јуни.

Тој засега не открива имиња, но како што изјави, знае кои лица би ги поставил на местата кои ќе бидат испразнети во Владата и други државни институции. Според Заев, партнерските односи со ДУИ се стабилни, а довербата меѓу него и лидерот на ДУИ е голема. Свесни сме, вели тој, дека имаме одредени слаби кадри во нашите редови и затоа и зборуваме за промените и тие се случуваат.

Дека разговорите меѓу коалиционите партнери финишираат потврдуваат и од ДУИ од каде велат дека 90 проценти од работите се завршени. Потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити за „Алсат М“ вчера изјави дека наредните денови се очекува да биде познат новиот формат на Владата, која според него, би се викала Влада „Заев2“  и би се концентрирала на економијата и капиталните инвестиции.

Неофицијално, како бројки кои се спомнуваат за највените промени се од 4 до шест министерски и околу 25 директорски имиња на „важни институции“.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ