Kоалицијата СДСМ-БЕСА добитна за социјалдемократите, може да им донесе 60.000 гласови

Историска и уникатна коалиција која може да предизвика турбуленции во предизборниот период. Аналитичарите сметаат дека соработката меѓу СДСМ и БЕСА е позитивен сигнал дека се можни коалиции меѓу различни етникуми.

Коалицијата може да доведе до сериозно повлекување на гласовите  особено во шестата изборна единица. Очекувањата се дека БЕСА може да донесе околу 60 000 гласови.

СДСМ и БЕСА деновиве ќе се усогласуваат за распоредот на кандидатските листи за пратеници. Билал Касами најверојатно ќе биде носител во шестата изборна единица, а од партијата очекуваат да имаат уште најмалку 4 добитни пратенички места.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ