
Коалицијата Алијанса – Алтернатива го бара местото на БЕСА во избирачките одбори
Веќе шест дена Алијанса за Албанците и Алтернатива чекаат одговор од ДИК, дали ќе го добијат местото на четвртиот член во избирачките одбори, што по закон и` припаѓа на опозициската партија на Албанците што освоила најголем број на гласови на последните парламентарни избори.Во случајов, тоа е БЕСА, но нивната најава дека на изборите во април ќе коалицираат со СДСМ, предизвика дилема.
За ова прашање, од оваа коалиција разговарале и со ОБСЕ ОДИХР и се надеваат на позитивен одговор.Претседателот на ДИК, синоќа во Топ тема на Телма рече дека, со самото коалицирање, партиите што влегуваат во коалиција го губат правниот субјективитет.
Коалицијата Алијанса и Алтернатива се` уште ги изготвува изборните листи. Засега е сигурно само дека Зијадин Села ќе ја предводи шестата изборна единица, во која ќе му се спротивстави на Али Ахмети. За евентуално постизборно коалицирање ќе размислуваат по изборите, откако ќе ги видат резултатите.
Далиборка Демјанска