Коалиција Сите за правично судење: Судот отстапи надвор од законската рамка за судењето за „27 април“

Коалиција сите за правично судење смета дека судот отстапил од законските рамки по одлуката од главната расправа за предметот 27 април да биде исклучена јавноста.

Испитување на загрозен сведок не е основ за исклучување на јавноста. Со оглед на тоа што судот на рочиштето обезбеди технички услови за испитување на сведокот во одвоена просторија преку аудио-видео опрема, согласно членот 230 од ЗКП, беше извршено неопходното обезбедување на идентитетот и сигурноста на сведокот согласно законот, па така исклучувањето на јавноста од судницата не може да се смета дека придонесува за безбедноста на сведокот, туку влијае исклучиво на транспаретноста на судот и јавната доверба во него. На истото рочиште, каде бранителите на обвинетите реагираа на лошите услови во судницата, по што истите беа казнети и наводно разрешени од функцијата бранители – претставува потенцијално нарушување на правото на обвинетите да имаат бранител по сопствен избор, како и на независноста на адвокатурата, во крајна линија ни говори и за значењето на присуството на јавноста на главните расправи.

Од коалиција сите за правично судење сметаат дека доколку јавноста не беше исклучена од рочиштето, истата ќе понудеше објективна оценка на состојбата со што ќе се поттикнеше јавна дебата и изнаоѓање на решение за идните вакви слични ситуации.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ