
Клучот е во Вашите раце, порача Брисел
Постигнавте многу и стоите пред вратата на Европската унија, потребно е да го направите последниот клучен чекор. Вашето место е во Европа. Ова е ставот на Брисел и пораката која Федерика Могерини, високата преставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, ја соопшти денеска на домашната јавност.
Неколкучасовна посета со набиена агенда и средби со комплетниот државно политички врв.
Могерини кажа дека прегресот кој е направен во последните една и пол година и резултатите кои се испорачани се препознаени во Брисел и затоа како одговор ЕУ даде датум за преговори.
Таа испрати прецизна порака до граѓаните дека клучот за иднината на дражавата е кај нив и тоа мора да го искористат и да гласаат на референдумот.
Премиерот Заев, кој се сретна во Могерини во старата скопска чаршија, истакна дека одлуката на ЕУ да ги остават вратите отворени била мотив што побразо да се постигне договор со Грција. Тој побара одлучност од граѓаните и ги повика да излезат на референдумот.
Заев и порача на опозицијата дека во моментов нема простор за неодговороност.
Претседателот на опозициската ВМРО – ДПМНЕ исто така беше на агендата на Могерини. Триесет минутната средба не даде резултат бидејќи Мицкоски изјави дека ставот на позицијата околу референдумот останува непроменет.
И претседателот Горѓе Иванов останува на своите позиции по средбата со претставникот на Евопската унија, која се одржа во вилата на Водно. Од неговиот кабинет соопштија дека Иванов повторил дека членството во ЕУ и НАТО не смее да биде алиби за лош Договор со Грција кој ќе отвори многу нови прашања.
Огнен Чанчаревиќ